Компанијата „S.Ignature“ на македонскиот уметник Сатја Грабулоски
на Летонецот Даинис Кристопанс, му изработи специјални „Најк“ патики, кои се во црвено-црна боја, а на нив е напишан слоганот на Вардарци: „Една љубов, еден живот“, дознава порталот „Гол.мк“

Бекот Даинис Кристопанс, еден од најдобрите ракометари на Вардар во актуелната сезона, се очекува да биде еден од главните адути на Ф4-турнирот во Келн, а во „Ланксес Арена“ тој ќе се обиде да го даде најдоброто од себе во патики – во боите на „Вардар“.