По извршените претреси на криминалистичка полиција и СВР Струмица- ОВР Гевгелија, било констатирано дека во казино во Дојран се издавале лажни ковид-сертификати.
Извршени биле претреси кај три правни лица, при што е одземена службена медицинска документација која се однесува на извршени тестирања за присуство на Ковид 19, извршени претежно на лица од странство.
Полицијата делувала по добиена судска наредба од Основен суд Гевгелија.
Грчките новинари за случајот велат дека во мало село во околината на Дојран постоела „фабрика“ за издавање негативни тестови за Ковид-19…
При претресот, како се дознава, бил извршен е увид и преглед во компјутерската евиденција (списоци на грчки државјани кои се пријавиле за тестирање) на правното лице, како и во просториите на „импровизираниот“ медицински пункт во казино во Стар Дојран.
По насоки на јавен обвинител целокупната одземена документација ќе биде доставена до ОЈО Гевгелија за нивно постапување, а МВР ќе ги преземе сите мерки и активности за кои ќе добие насоки од надлежното обвинителство со цел расчистување на случајот.
