Бројот на заразени од коронавирус во Кина се намалува, но нивниот број драстично се зголемува во Европа, Јужна Кореја и Иран.
Во Италија само вчера починаа 28 луѓе заразени со коронавируас, речиси еднакво како и во Кина каде изби епидемијата и каде вчера беа регистрирани 33 нови смртни случаи.
Со ова бројот на смртни случаи од COVIT 19 во Италија достигна – 80.
Во моментов, во светски рамки пријавени се 93.000 заразени и 3.200 смртни случаи од коронавирус, од кои најмногу во Кина – 80.270 заразени и 2.8981починат.
Следуваат Иран со 2.336 заразени и 77 починати, во Јужна Кореја, на 5.328 заразени има 32 починати. Во Јапонија, бројот на заразенинадмина илјада.
Во Европа, најкритично е во Италија – 2.260 случаи и 80 смртни случаи, објави Индекс.хр.