Во високи кругови на власта има уште еден политичар кој влегува во трката за ,,Вила Водно”, тврдат упатени извори од една од владеачките партии кои реагираат на вчерашната информација на expres.mk за битката во најава меѓу Пендаровски и Спасовски.

Тие не негираат дека претседателот на државата и министерот за внатрешни работи веќе ,работат на случајот” туку сугерираат дека не се само тие двајца сериозни кандидати во трката.


Топ вести денеска

„Политичка бомба“ од Косово – Едита Тахири навестува: „Српската асоцијација ќе повлијае врз границите во Балканот и ќе ги инспирира и Албанците во * РМ!“

По Пендаровски и Спасовски кои е извесно дека ќе бидат дел од прелиминарната трка за кандидат на власта за претседател на Македонија уште еден искусен политичар би сакал да биде шеф на македонската држава и за тоа веќе се разговара во коалицијата на власт, тврдат изворите на expres.mk.

Дипломатски кругови во Скопје потврдуваат дека има тројца сериозни кандидати и велат дека новиот претендент е политичарот кој е долго на политичката сцена и нема лош имиџ во јавноста како Пендровски и Спасовски.

Неговото име засега се чува во тајност а според извори во владеачката коалиција странците и дел од домашната јавност го доживуваат како човек што може да го обедини поделеното македонско општество.

Како негови главни предности се посочуваат искуството, познанство со сите политички лидери од сите партии и личен пријателски однос со екс амбасадор на моќна западна амбасада во Скопје кој се уште е активен во дипломатијата.

Засега според извори во владеачката коалиција овој човек изненадување се разгледува од премиерот Ковачевски кој ќе треба да пресече меѓу Пендаровски, Спасовски и третиот кандидат.

Вчерашната информација на expres.mk по која во игра за кандидат за претседател се појави уште еден претендент.

Конфликт во најава: Две групи во СДСМ почнуваат штабови за претседателските избори

Топ вести

Најава за нови тензии во регионот од Приштина

„Политичка бомба“ од Косово – Едита Тахири навестува: „Српската асоцијација ќе повлијае врз границите во Балканот и ќе ги инспирира и Албанците во * РМ!“