Во Хамбург уапсен бегалец осуден на 17 години затвор во Македонија

Полициски службеници од Единицата за потраги по лица во Хамбург, Германија во координација со Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР го уапсиле македонскиот државјанин К.Д., баран со потерници за издржување на вкупна затворска казна од 17 години во Македонија.

К.Д. е осуден за повеќе кривични дела, меѓу кои разбојништво, поголем број тешки кражби, измами и фалсификување на документи и ќе биде спроведен за издржување на затворската казна.