Во Грција немаат „лепенки“ за новото име на соседот

Граѓанин на Битола, кој вчера се враќал од Грција преку Лерин и граничниот премин Меџитлија, ни испрати фотографија од табла пред Лерин на која се уште стои референцата ПЈРМ, со која Грција се обраќаше на Македонија од 1995-та година.

Прашува, зошто не се направени „исправки“ на патоказите со новото уставно име на нашата држава и во Грција – согласно Преспанскиот договор – кога во Македонија тоа е веќе сторено на сите патни правци кои водат кон јужниот сосед

На пример, со ставање лепенки со новото име на државата на веќе постоечките табли.