Во Грција летово без вакцини и ковид тестови

Укинување на антиковид мерките, од мај до август, најави министерот за здравство Танос Плеврис од Делфи, каде што се одржува 7. Економски форум.

Тоа значи дека сертификатот за вакцинација се укинува, додека на оние кои не се вакцинирани нема да им треба негативен брз тест во период од 4-5 месеци.

По завршувањето на летото, најима најави дека мерките ќе се вратат, па опуштањето нема да трае ни шест месеци за невакцинираните, на кои едноставно нема да им треба тест за да седат на отворено во барови, кафулиња, ресторани и ноќни клубови.