Јанис Лагос на евроизборите во Грција во неделата освои 78.466 гласови и е избран за иден член на Европскиот парламент.

Но прооблем е што Лагос, член на неофашистичката „Златна зора“, поради судскиот процес против партијата, што се води веќе пет години и обвинувањата за негова вмешаност во низа кривични дела и членство во криминална организација, има забрана за излез од земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

За да може да ја преземе должноста европратеник Лагос треба да достави барање за укинување на мерката притвор, но веројатно е дека ќе биде одбиен.