Во Грција 79 осомничени за подметнување пожари

Полицијата приведе 79 лица во Грција под сомнение дека ги подметнале пожарите кои ја пустошат земјата.

Василис Кикилијас, министер за цивилна заштита, изјави дека имало неколку обиди да се подметне пожарот на планината Паринта, северозападно од Атина, пренесе Би-Би-Си.

Пожарите во Грција, во кои загинаа најмалку 20 луѓе, беснеат веќе една недела.

„Вие правите злосторство против сопствената земја“. „Памелите и подметнувачите подметнуваат пожари кои ги загрозуваат шумите, имотот и пред се човечкиот живот“, рече Кикилијас.

Министерот за цивилна одбрана истакна дека никој нема да се извлече и дека одговорните ќе бидат изведени пред лицето на правдата. Летните пожари во Грција се вообичаени и научниците ги поврзуваат со топлотни бранови, т.е. со климатските промени.