Во Гази Баба не сакаат Центар за наркозависници (ВИДЕО)

Граѓани од општина Гази Баба денеска протестираше пред фабриката „Металски завод – Тито“ кадер се планира да биде префрлен Центарот за зависници од Кисела Вода.

Тие истакнаа дека не се согласуваат Центарот да биде префрлен во мензата на фабриката.

Центарот, во кој метадонска терапија добиваат околу 500 лица требаше да биде во Кисела Вода само времено, но таму е веќе 20 години, а сега е донесена одлука да биде префрчен во просториите на некогашната фабрика МЗТ, и покрај тоа што општинските власти немаат ингеренции за пренамена на објект кој е во приватсна сопственост.

Градоначалникот на Гази баба,Борче георгиевски, веќе дал согласност, а министерот за здравство најави дека Центарот за зависници од дрога ќе профункционира на новата локација во декември.