Во ЕУ поделба меѓу членки на НАТО и екс Варшавскиот пакт за Македонија

Само една земја која не била членка на Варшавскиот пакт била за почеток на преговори за Македонија и Албанија вчера во Брисел.

Освен Италија сите други кои се залагале да започнеме преговори биле дел од екс источниот воен блок предводен од Русија до 1990 година: Полска, Унгарија, Словачка, Чешка, Словенија, Хрватска, Бугарија, Романија, Естонија, Латвија и Литванија.

На вчерашниот Совет на ЕУ покрај 12 земји за, 7 членки биле против датум за преговори со Македонија и Албанија, открива ексминистерот за надворешни работи Антонио Милошоски.

Сите тие што биле против: Франција, Холандија, Германија, Данска, Луксембург, Белгија и Шпанија никогаш не биле дел од Варшавскиот договор а сите се членки на НАТО од почетоците на алијансата.

Според Милошоски покрај 12 членки кои биле за преговори, уште 9 членки предводени од Грција биле воздржани.

Меѓу тие што немале став за преговори со Македонија и Албанија се и Австрија, Кипар, Ирска, Малта, Португалија, Шведска, Велика Британија и Шведска.