Осум турски полицајци се повредени при експлозија на автомобил-бомба на автопат во провинцијата Дијарбакир, јавува Ројтерс.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу изјави дека две лица се приведени. Се верува дека тие се извршители на експлозијата. Според него, паркиран автомобил експлодирал околу 05:00 часот по локално време кога поминал полициски автомобил.

Бомбата не ги повредила посериозно полицајците, но сите 8 полицајци биле пренесени во болница на преглед.

Експлозијата се случи во близина на сточен пазар на околу 10 километри јужно од центарот на Дијарбакир, најголемиот град во регионот.