Во две акции запленети 1,6 тони марихуана

Министерството за внатрешни работи информираше дека во две акции спроведени во Струмица и во Ресен биле запленети 1,6 тони дрога во вредност од 3,2 милиони евра.

Во Струмица е извршена контрола во фирма кога била регистрирана за одгледување на канабис за медицински цели, но поради констатирани неправилности во работењето на правниот субјект, запленета е непријавена марихуана во вредност од околу 3 милиони евра, со вкупна тежина од над еден и пол тон, соопшти МВР.

Обвинителството по документирање на случајот ќе поднесе соодветни пријави.

Речиси истовремено акција имало и во Ресен, каде при преглед на патничко возило „шкода октавија“, со струмички регистарски ознаки, управувано од 38 годишно лице од струмичко биле пронајдени три торби со марихуана тешка околу 50 килограми и во вкупна вредност од околу 200.000 евра. Возачот и неговиот сопатник се приведени.

По легализацијата на производство на канабис во земјава за медицински цели, во полициските билтени се појавија информации дека дел од легално произведениот канабис завршува и на „црниот пазар“.