Во два дена погодена 30 отсто од енергетската инфраструктура на Украина!

Министерот за енергетика на Украина, Херман Галушченко, за Си-Ен-Ен изјави дека во два дена била рускиот агресор погодил 30 проценти од енергетската инфраструктура на земјата.

Во изјавата за американската ТВ-куќа тој додаде дека прв пат од почетокот на војната Русија „драматично ја таргетирала“ енергетската инфраструктура на Украина.

Утрото на 10 октомври, вооружените сили на Русија извршија масовен напад врз воени, комуникациски и енергетски објекти во Украина, што е протолкувано како одмазда за оштетувањето од експлозија на Кримскиот мост, за што Русите ги посочија украинските диверзанти.

Како што соопшти Министерството за одбрана во Москва, на 11 октомври руската армија продолжи да нанесува масивен удар врз воените командни и контролни објекти и врз енергетскиот систем на Украина, при што се погодени сите назначени објекти.

Рускиот претседател Владимир Путин по диверзијата врз мостот кај Керч изјави дека, доколку Киев продолжи да врши терористички напади на руска територија, одговорот на Москва ќе биде остар.