Во ,,Државната лотарија се крадат милиони пред избори”, апел до медиумите да ги истражат сомнежите

Свиркач вработен на работно место од кое одлично ги знае состојбите во Државната лотарија на Македонија апелира медиумите да обратат внимание на работата на ова државно акционерско друштво особено на договорите кои ги прави менаџментот.

Според свиркачот, надвор од разумот последниве месеци е спроведена операција со која само во еден проект треба да бидат испумпани стотици илјади евра државни пари за партиски потреби.

Во операцијата добро ќе заработат и луѓе кои не се во политиката но нивни блиски роднини се дел од владеачката пропаганда.

Парите кои треба да бидат испрани во операцијата ќе бидат користени за пропагандна кампања на две политички партии од власта кои преку тендерот ќе ги платат своите предизборни спотови, вели изворот кој тврди дека ги има сите потребни документи за скандалот но претходно бара медиумите самостојно да истражат што се случува во Државна Лотарија на Македонија.

Дел од операцијата според свиркачот се повеќе луѓе кои и се добро познати на јавноста а некои од нив претходно имале проблеми со законот.

Медиумите имаат рок од два дена да го истражат криминалот во Државната Лотарија кое е Акционерско друштво во државна сопственост.

Свиркачот посебно се обраќа на медиумите кои пледираат да се претствуваат како истражувачки и за таа цел добиваат огромни пари од странски и домашни донатори.

Доколку за 48 часа медиумите не го објават скандалот тие ќе докажат дека се на платниот список на владата на СДСМ и ДУИ која е сопственик на оваа државна компанија.

Во менаџментот на Државната лотарија се повеќе луѓе поставени како претставници на СДСМ и ДУИ.

Генерален директор на Државната лотарија е Прпарим Бајрами кој важи за еден од блиските соработници на вицепремиерот Артан Груби.