Пред дваесет и пет дена во Тетово живи изгореа 14 луѓе кои според владата настрадале за еден кабел.

Во паузата меѓу два вица на партиските митинзи брат му на Вице Н. (Можно осомничено лице за рекет во РЕК Битола) го трансформираше своето насмеано лице и со сериозен глас ни објасни дека за грозоморната смрт на 12 пациенти и две медицински лица виновен е кабел.

Приказната во позадината е кристално јасна:

Некој во едно министерство добил налог од премиерот, министерот, неговиот заменик или државниот секретар да набави модуларни болници за тешки лежечки пациенти заболени од Ковид19.

Почнала добро познатата процедура.

Некој направил тендер. Некој пишувал спецификација. Некој додал барања со кои од тендерот се исфрлени сите други компании кои можеле да конкурираат. Некој знаел дека во модуларната болница не смее да има повеќе од 3-5 штекери на 20 квадрати а сепак дозволил двојно повеќе. Некој знаел дека изолацијата меѓу панелите лесно се загрева а дозволил да биде загреана. Некој ја договарал цената. Некој ја земал провизијата. Некој ја поделил провизијата.

Се се знае, не е јасно само во чија глава е прегорениот кабел.

Не тој што го поставил кабелот, не тој што наредил да се постави, не тој што нарачал тендер, не тој што го потпишал плаќањето, не е тој што земал провизија за набавка за кабелот туку самиот кабел.

Изјавата на брат му на Вице Н. ја толкувам како најава дека засега виновен е кабелот што се прегреал ама ако тоа не е доволно ќе се најде уште некој што го полнел телефонот за да може да нарача храна и лекови во болницата.

Тој што земал провизија за набавката на кабелот не е виновен, така го разбрав брат му на Вице Н.

А работата е едноставна.

Ако живи не изгореа 14 луѓе Заев, Филипче и заменикот Хасани ќе беа тие што ќе се фалеа дека направиле модуларни болници и спасувал пациенти. А некој ќе ја трошеше провизијата на мира.

Затоа сега Заев, Филипче и Хасани треба да преземат одговорност или цел живот да ги слушаат криците од огнот што голташе животи.

За жал сега ни останува само истрагата која нема да покаже дали има прегорен кабел во главите на Заев, Филипче и Хасани.

А на сите ни е јасно дека грешката е таму, во некои од тие кабли, поврзани со центарот за регулација на корупцијата во малите мозоци на големите мајстори на манипулацијата.

Кабелот за морал и етика не е дел од истрагата, тој одамна им е прегорен.

Заев не ги прифати оставките на Филипче и Хасани за пожарот во тетовската болница

Целата прес конференција на Заев