Полицијата во Бразил запленила 617 килограми кокаин во пакети на кое било логото на Спортскиот клуб “Елбасан“, од истомениот албански град.
Тоа наведува на заклучок дека дрогата ребало да стигне во Албанија, пренесе тиранската телевизија Ора њуз.
Вредноста на дрогата се пресметува на девет милиони долари, наведува телевизијата.
Возачот на камионот што ја превезувал пратката изјавил дека требало да добие 10.000 долари за транспорт на кокаинот.
Според полицијата тројца мажи и една жена се приведени под обвинение за меѓународна трговија со дрога.