Во болниците нема слободен термин за „Мој Термин

На повеќе клиники до крајот на месецот пополнети се термините за преглед кај речиси за сите специјалности, опбјави Сител.



„За амбулантски прегледи пополнети се термините за сите амбуланти и дејности во болницата. Секако дека постојат редови на чекање за операција за хроничните пациенти особено за оперативните термини. Направена е таа листа на чекање. Тие кои најдолго чекале ќе го земат приоритетот. И мислам со зголемување на интензитетот на работа и на салите и амбулантите и бројот на оние што чекаат ќе се намали за краток период, изјави д-р Христијан Костов, директор на ГОБ “8 септември”.