Во Австралија за една недела удвоен бројот на Ковид-случаи

Вчера во Австралија беше регистриран најголем број случаи на коронавирус во земјата од почетокот на пандемијата – повеќе од 147.000 случаи, од кои околу 92.000 се во најнаселената држава Нов Јужен Велс, јави Ројтерс

Ова е двојно повеќе отколку бројот на заразени пред една недела.

Регистрирани се 53 смртни случаи, смртноста од Омикрон е помала отколку другите варијанти на Ковид-19.

По успешното контролирање на вирусот на почетокот на пандемијата, Австралија пријави речиси еден милион случаи во изминатите две недели. Над 90 отсто од луѓето на возраст над 16 години во земјата примиле две дози од вакцината против коронавирус.