Комисијата за заразни болести во текот на неделава ќе има состанок по што ќе соопшти одредени информации за корона вирусот во Македонија.
Д-р Злате Мехмедовиќ портпарол на Комисијата, во изјава за Фактор вели дека состојбата е далеку од алармантна, но според него се потребни одредени пдоготовки, со оглед на тоа дека бројот на заразени од коронавирус во август бил драстично – за 4,6 пати поголем споредено со јули годинава.
Коронавирус: Во август речиси 5 пати повеќе случаи од јули
Попрецизно, од заболените во август 2023, најголем број на заболени, односно 34 се пријавени од Скопје, а највисока инциденца (73,4/100.000) се регистрира во Кавадарци. Триесет и пет од заболените лица се реинфекции. Во текот на месецот пријавено е едно починато лице. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број на случаи пријавени во возрасната групата над 60 години
Сепак, во однос на август лани, односно 2022 кога сме имале нешто над 12.000, се регистрира многукратно намалување на заболените.
Светската здравствена организација предупреди дека корона вирусот сè уште циркулира, а американските епидемиолози тврдат дека пандемијата сè уште не е завршена. Дали и кај нас ќе се појават или веќе се присутни новите соеви на корона вирусот Ерис и Фроникс, се очекува неделава здравствените власти да соопштат.
