Анонимен вработен во ЕВН, вели дека само во Општина Арачиново за една година се краде или не се плаќа струја во вредност од 6 милиони евра. Власта, и локалната и централната, ги има овие податоци, но молчи.

Се работи за контиунирана, бескомпромисна и дрска кражба на струја во Општина Арачиново која се одвива со години. Според неофицијалните податоци на вработен во ЕВН, во февруари годинава загубите на електрична енергија само во Арачиново изнесуваат околу 80%,објави порталот Инфомакс.

(…)

Или вкупно 2 800 MWh изнесува загубата во овој реоно поради кражба на струја само во февруари 2022 година или тоа е над 20 000 MWh загуба годишно.

Ако набавката на електрична енергија e 300 евра по MWh, кражбата на струја изнесува фантастични 6 милиони евра годишно или 60 милиони евра за 10 години.

ЕВН од 2014 година па наваму инвестираше десетици милиони евра во зајакнување на електричната дистрибутивна мрежа кон Арачиново, а како странска фирма ја надополнува загубата која на крај ја плаќаат граѓаните кои редовно ги плаќаат своите сметки за струја.

Обидите на локалната и централната власт да се справи со проблемот речиси никакви. Претходната градоначалничка на Арачиново можеби имаше и најнесериозен пристап кон решавање на овој проблем.

МВР е нем и е немоќен набљудувач во оваа невидена кражба и најверојатно фактурата од 6 милиони евра годишно треба да притстига на нивна адреса.

Се отвара прашањето зошто се молчи, зошто се толерира овој грабеж кој го плаќа секој обичен граѓанин и бизнисот.

Во тек се анализи и за одредени региони кои исто така според одредени информации кражбата или загубите на струја е исто така огромно, станува збор исто така за скопскиот регион во Сингелиќ, Серава, Грчец и Студеничани. Ако тенденцијата за кражба на струја е скоро со ист процент како во Арачиново, тогаш во Скопскиот регион се крадат фантастични 50 милиони евра годишно.

Инаку Општина Арачиново е единствената општина што воопшто не наплаќа данок на имот, покажа истражувањето на невладината организацијата Центар за граѓански комуникации за наплата на данок на имот за 2017, 2018 и 2019 година. Образложението од Општина Арачиново е дека немаат база на податоци на даночни обврзници, ниту даночно одделение. На 11 декември 2020, Владата донесе одлука да го помогне Арачиново со 500.000 евра неповратна помош.