Во Албанија повеќе туристи отколку пред пандемијата

Бројот на туристи кои летово влегле во Албанија е поголем од оној во 2019 година.

Од 1 јули до денес, биле регистрирани 100.000 повеќе посетители на аеродромот во Тирана во споредба со 2019 година., пренесуваат медиуми.

„И ова зголемување не е ограничено само на аеродромот Ринас во Тирана, туку на сите гранични премини има зголемен прилив [на туристи]“, вели Едуарт Меркај, директор за граници и миграција.

Минатата недела, премиерот Еди Рама објави на Фејсбук дека помеѓу 1 август и 15 август, околу 859.316 странски државјани влегле во Албанија, што е зголемување од 4,5% во споредба со 2019 година.

Во јуни, албанската влада ги укина сите ограничувања за влез за странски туристи.

За посета на Албанија не е потребен тест „Ковид-19“, тест за антитела, пасош за вакцина или било кој друг документ поврзан со вирусот.

Укинато е и барањето за 14-дневен карантин при влез во земјата.

Рестораните и баровите можат да останат отворени до полноќ, а маските на отворено не се задолжителни.