Во Албанија има 6.000 муџахедини од Иран

Во 2018 година, во Албанија биле регистрирани вкупно 14.162 странци со право на престој објави Националниот институт за статистика во Тирана.

По согласноста на властите во Тирана а по барање на Вашингтон, во Албанија има и заедницата на Муџахедини меѓу која има 6.000 Иранци.

Трета година по ред, Иранците се рангирани на прво место на списокот баратели на  право на престој во Албанија.

Во 2018 година, над 9.000 странци аплицираа за дозвола за престој во земјата. Меѓу нив има 2.233 ирански државјани. На второ место се Италијанците – 1 709. Веднаш по нив се Косовците – 996 барања. На четвртото и петтото место се државјани од Турција и САД – 875 Турци и 350 Американци, дознава БГНЕС