Внукот на Индира Ганди осуден на 2 години затвор

Индискиот суд го осуди лидерот на опозицијата Рахул Ганди на две години затвор под обвинение за клевета за говор во 2019 година во кој направил асоцијација меѓу „крадци“ и презимето Моди (Нарендра Моди е актуелниот премиер на Индија)објави Ројтерс.

Рахул Ганди, кој е син на поранешниот индиски премиер Раџиф Ганди (убиен во атентат во 1991-ва) и внук на индиската лидерка од времето на Студената војна, Индира Ганди (Убиена во атентат во 1984-та), ќе поднесе жалба на наредбата пред повисок суд, но тоа е потенцијално голем удар за неговата партија Индиски национален конгрес пред општите избори, изборите во 2024 година

На Ганди, 52-годишниот потомок на политичката династија Нехру-Ганди, му беше одобрена кауција и ја одложи казната за еден месец.

Можно е Ганди, член на Долниот дом, да биде отстранет од парламентотпо по пресудата, во согласност со наредбата на највисокиот суд во земјата од 2013 година.