Внукот на грчкиот премиер, градоначалник на Атина

Новиот градоначалник на Атина, Костас Бакојани, ја презеде функцијата градоначалник на Атина откако вчера поднесе свечена заклетва..

Бакојани (41) кој досега беше регионален гувернер на Централна Грција, беше избран за градоначалник на 3 јуни.


Неговата мајка, Дора Бакојани, беше градоначалник на Атина од 2003-2007 година, а подоца министер за надворешни работи и сега пратеник на Нова демократија.

Костас Бакојани е внук од сестра на актуелниот премиер, Киријакос Мицотакис.

Неговиот дедо, Константинос Мицотакис, беше премиер на Грција на почетокот на 90-те.