Зошто по 20 години откако е влезен во политиката Али Ахмети реши да навлезе во криминалот на казината, преку лице соработник на Артан Груби? И, зошто Ахмети како лидер од власта, не побарал макар еден директор да биде поставен на економска зона во западниот дел од државата кој ќе биде стручен, млад, способен човек, небитно од неговата националност, но со цел да се запре бранот на бегање на младите од Македонија? Од каде на лажниот патриот Ахмети сега му текна да се занимава со лотарија, со коцка, со казина?
Овие прашања во разговор за МКД.мк ги наведува потпретседателот на движењето Беса, Фатмир Лимани кои беше независен кандидат за градоначалник на Кичево и успеа да му одземе на ДУИ илјадници гласови.
Лимани дава објаснување за неговата најава преку Фејсбук дека ќе пишува и открива вистини и криминали за бизнисот со Лотарија и казината.
Со наслов „Казината и молзењето на луѓето”, Лимани на фејсбук Али Ахмети го именува по неговиот прекар Абаз Џука, и вели:
● Поранешниот патриот Абаз Џука, барал и добил директор на македонска ЛОТАРИЈА, за да молзе и да краде албански семејства!
● Зошто не доби ниту една дирекција, за економски развој за да ги вработи младите на државата, туку се избори да стане даночник на бенефиции од КАЗИНА!?
● Асистентот на Артан Груби станува директор на Македонска лотарија, а што добиваат, а што губат Албанците со ова!?
● Колку месечни поволности се собираат во касата на Али Ахмети од обложувалниците што ги отвори низ нашата држава?!
*ПС: Во наредните денови ќе се занимаваме со проблематиката на коцкање, казина, лотарии….
Целта на Ахмети е ДУИ да навлезе што подлабоко и во институции кои носат „брзи” пари и каде е вносно да се има свој „удел”, вели Лимани.
„Која е причината што влегуваат во Лотарија? Треба да се знае дека лиценците за казината ги даваат директорот на Лотарија и Министерството за финансии, каде министер е од ДУИ. Тие две институции не се случајно земени од ДУИ“, нагласува Лимани.
Тој потсетува дека во Албанија и во Косово се забранија казината, па дека се случи и своевидна преселба во Македонија и се отвораат и нови места за комар.
Повеќе детали на мкд.мк