Внукот на Ахмети добил милиони преку институција што ја води директор од ДУИ (ИНФОГРАФИКА)

Околу два милиони денари или 32,357 евра добил внукот на Али Ахмети Дрин за проект од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), објавува профилот Демир или Троловски.

Парите се наменети за таканаречено 3Д моделирање.

Проектот е добиен на име на истата фирма ,,Тхор” која сега е сопственик на 39 проценти од ТЦ Соравија за што не е платено ниту едно евро.

Директор на ФИТР е кадар на ДУИ кој според објавената фотографија е близок со таткото и братот на Дрин кој преку Тхор добил два милиони денари од владата која практично преку партијата ја води неговиот вујко Али Ахмети.

Претходно беше објавено дека Дрин Ахмети од истата влада добил и концесија за хидроцентрала во Кичевско.

Профилот Демир чиј вистински идентитет не се знае важи за еден од најсериозните истражувачи на корупциски скандали во Макеоднија а за него се тврди дека дел од информациите го добива од западни амбасади во Скопје.