Никола Димитров е перјаница во измислувањето на нови проблеми и покрај тоа што новиот бугарски премиер Кирил Петков дојде во Македонија со многу позитивна енергија и со видно изменета реторика и барања, со волја да го затвори ветото и да се продолжи напред, пишува ВМРО-Народна партија во соопштението испратено по синоќешните изјави на Димитров за отстапките направени кон Бугарија.
„Македонската длабока држава очигледно нема намера да се има позитивно решение со Бугарија и почна со натпревар во измислување на нови проблеми“, се наведува во соопштението.
Од партијата велат дека по посетата на добра волја на поранешниот премиер и претседател на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски во Софија, пред да го стават ветото, од неколку бугарски функционери му било споменато дека главен виновник за ветото е токму Никола Димитров и прашањето за појаснувањето на краткото име во Обединетите нации.
Бугарската страна, како што се додава, една година го чекала Димитров да испрати нота во ОН за која дури не инсистирале јавно да биде објавена, а во која ќе се каже дека зборот Северна Македонија не се однесува на спорниот бугарски дел, односно Пиринска Македонија…
