ВМРО-ДПМНЕ за скандалот „Нечиста крв“: А, одговорноста на Филипче…

Доколку Македонија беше правна држава, уште вчера ќе беше приведен Венко Филипче за скандалот „Нечиста крв“. Додуша Филипче беше дел и од скандалот со „крвавите тендери со реагенси“, фантомските набавки на вакцини, и мал милион други коруптивни скандали, па гледаме дека надлежните не мрднуваат ни со прст, реагира со соопштение ВМРО-ДПМНЕ по објавената сторија од ИРЛ за клиниката Жан Митрев.

„За конкретниот скандал кој ја бранува јавноста, одговорноста на Филипче е дека не превземал никакви мерки да ги заштити граѓаните и нивното здравје од непроверени методи. Како што информираат медиумите тој како министер за здравство знаел и ништо не превземал, туку напротив на еден или на друг начин ја промовираше здравствената институција.

Овде се работи за целосно затајување на системот. Како што дознаваме од медиумите Филипче и институциите дозволиле да се применува метода на лечење која ниту домашните, ниту странски институции не ја признавале и дозволувале.

Јавното обвинителство треба да ја прошири истрагата и да утврди дали Филипче свесно го овозможувал ова?

Дали и какви финансиски бенефити имал Филипче од овој скандал? Зошто Филипче и покрај предупредувањата на одредени медицински авторитети дозволил некој на грбот на народот да спроведува скапи третмани за кои сега дознаваме дека не биле научно потврдени“, се вели во соопштението.