ВМРО-ДПМНЕ во понеделник ќе открие нова афера на власта

„Си ја вршат ли институциите работата или служат за прикривање на незаконитостите и криминалите на функционерите на СДСМ“, објавија од ВМРО-ДПМНЕ од каде за во понеделник најавија дека ќе откријат нова милионска афера на власта.

Според партијата, станува збор за тајни имоти на функционери на СДСМ.

„Дали наместо во служба на народот, група луѓе од СДС и ДУИ си работи за себе?
Колку се почитуваат законите? И колку се применуваат?
Во понеделник на прес конференција во 12 часот ќе откриеме голема афера во милионски износ. Низ факти до одговор на прашањето зошто Македонија тоне, затоа што наместо работа се прави криминал“, најавуваат од ВМРО-ДПМНЕ.