„При посетата на Османи во Софија, додека министерот за надворешни работи на Бугарија, Милков, ја оцрнуваше Македонија и ги претстави Македонците како историски насилници, Османи само немо седеше, а со тоа и индиректно даде потврда за ставовите искажани од Милков.
Героски: Ваква брука се трпи ли..
За да биде и штетата поголема, во гостувањето на Османи на една бугарска национална телевизија, тој се понуди да ги советува Бугарите, како да се интегрирале во Македонија и да отвореле што повеќе клубови“, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ од каде ја обвинуваат владата на Димитар Ковачевски дека ги урива позициите и интересите на Македонија и ја брукаат земјата пред светот
„Од друга страна пак Ковачевски да не остане покус, го одбрани бугарскиот министер Милков, дека кога ја дал изјавата не мислел така, односно лошо сме го разбрале, а целата јавност убаво ги слушна и ги разбра зборовите на министерот.
Од ова може да се заклучи дека Ковачевски не го интересираат интересите на Република Македонија, туку само бизнисите и тендерите, а во последно време и притисоците и уцените, врз своите пратеници, за вештачки да ја одржува владата, спротивно на волјата на граѓаните“, велат од партијата.
