Шокантно тврдење за огромен скандал: МВР издавала пасоши на меѓународни шефови на нарко картели

ВМРО-ДПМНЕ денеска брифира за таканаречена Афера Мафија според која МВР под раководство на Оливер Спасовски е претворено во криминална организација за логистички потребни на меѓународни нарко картели.

Во периодот од декември 2017 до јануари 2021 на шефови на повеќе нарко картели им се издадени оригинални МКД документи заради непречено патување и престој во странство, се тврди во брифинг на ВМРО-ДПМНЕ.

Според првичниот брифинг на ВМРО-ДПМНЕ за уредници и новинари во седиштето на партијата најмалку двајца шефови на нарко картели добиле македонски документи.

Продолжува