“Повторно го прозиваме јавно Спасовски и Заев да и кажат на македонската јавност дали лично се познаваат со нарко босовите со кои се фотографираат во слободно време“, стои во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ по објавените фотографии по социјалните мрежи на Спасовски и Заев со шефовите на криминалните групи по кои трага полицијата во случајот „Планина“.

„Блискоста на власта со мафијата укажува на тоа дека функционерите на СДСМ немаат никаква намера да го решаваат криминалот во земјава туку да ги зголемуваат криминалните дејствувања, договарајќи бизниси со нив.

Го најде ли кртот во МВР Спасовски или тој лично се погрижил криминалците да бидат известени за акцијата?

Власта која знае за 100 грама дрога да прави циркуси во фалење по медиуми, сега молчи затоа што е виновна, колку е молкот од Спасовски поголем, толку повеќе станува јасно дека само криминалците се заштитени како бели мечки во овој режим со кој раководи Заев“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Во врска со објавените фотографии и обвинувањата од опозициската партија реагираше Кабинетот на шефот на државаа со соопштение дека фотките на кои се појавува претседателот Пендаровски биле направени за време на претседателската кампања 2019-та, дека се фотографирал со многумина , но дека лично не ги познава посочените ликови.