ВМРО-ДПМНЕ со привремена победа: Дали СДСМ се повлекува од тотална партизација на Уставниот суд?

Денес ќе се одржи седница на комисијата за избори и именувања во Собрание, но според извори бо Собранието од дневен ред е тргната точката за избор на двајца членови на Уставниот Суд.

Пред еден месец за тие позиции фаворити на власта беа Цветанка Иванова генерален секретар на Собранието и Васко Талевски, адвокат и член на правната комисија на СДСМ во Битола, што предизвика многу негативни реакции во јавноста бидејќи не се работи за видни и истакнати правници.

Иванов предходно беше и координатор на пратеничката група на СДСМ а доаѓа од родниот град на премиерот Заев.

Повлекувањето на точката на дневен ред доаѓа по жестоките јавни реакции на ВМРО-ДПМНЕ но и тајните реакции на ЕУ кои на владата на Заев и порача дека се движи кон заробено правосудство со партиски кадри.

На дневен ред денес на Комисијата за избори и именувања ќе бидат избор на член на Судскиот совет, каде кандидати се Тања Илиевска адвокат од Скопје, Кети Петкова адвокат од Гевгелија и Нада Симјаноска вработена како помошник на министерот за правда за меѓународна соработка.

Симјановска во правосудните кругови важи за блиска на министерот за правда Бојан Маричиќ кој ја протежира на новата фунцкија а Илиевска важи за блиска на ДУИ од каде ужива поддршка за новата функција.