ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со фингирани анкети го теши разочараното членство

Заради храбрење на членството и функционерите, СДСМ пушта наместени анкети преку агенцијата Брима, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ на денес објавената анкета според која владејачката партија ќе биде победник на локалните избори.

Според објавеното, доколку денеска се одржат парламентарни избори за СДСМ би изјасниле 19,5% од испитаниците, а за ВМРО-ДПМНЕ 17,5% од гласачите. Најпопуларен според Брима е Зоран Заев со 11,8 отсто поддршка наспроти лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски кој има само 7 отсто.

„На јавноста добро и познато и е кој стои позади оваа агенција, главниот идеолог за отворање на бугарски универзитет во Македонија, Андреј Рајчев. А, зошто Бугарите форсираат дека Зоран Заев наводно ќе победи размислете сами.

Дали агенцијата Брима изминатава година има земено над 120 илјади евра од Владата на Зоран Заев за изготвување на анкети кои ќе ја покажуваат розевата слика во Македонија?

Патем, агенцијата Брима Доо од Скопје, не е светски познатата Брима Галуп, туку фирма од Македонија која е основана токму од бугарскиот социолог Рајчев која спроведува анкети во континуитет по нарачка на Зоран Заев, а преку медиуми блиски до власта.

Зоран Заев соочен со целосен раскол и одбивањето на партиските организации да ги прифати кандидатите за градоначалници на Зоран и Вице, мора да пушта анкети на кои ќе се преставува како победник.

Единствена цел на оваа фингирана анкета на Брима е тешење на разочараното членство на СДСМ.

Вистинската анкета за Зоран Заев и СДСМ ќе биде на 17-ти октомври, кога ќе го доживее најубедливиот пораз, токму од граѓаните“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Патем, агенцијата Брима Доо од Скопје, не е светски познатата Брима Галуп, туку фирма од Македонија која е основана токму од бугарскиот социолог Рајчев која спроведува анкети во континуитет по нарачка на Зоран Заев, а преку медиуми блиски до власта.

Зоран Заев соочен со целосен раскол и одбивањето на партиските организации да ги прифати кандидатите за градоначалници на Зоран и Вице, мора да пушта анкети на кои ќе се преставува како победник.

Единствена цел на оваа фингирана анкета на Брима е тешење на разочараното членство на СДСМ.

Вистинската анкета за Зоран Заев и СДСМ ќе биде на 17-ти октомври, кога ќе го доживее најубедливиот пораз, токму од граѓаните“,се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.