ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го брани ДУИ среде Струмица

Ова е реакцијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕЕ по вчерашната закажана, па откажан прес-конференција на министерот Бектеши околу случајот со рудникот Иловица?

Новинарите чекаа ама не го дочекаа Бектеши, утре ќе држи прес за концесија за рудникот Иловица – Штука

„Дали Ковачевски сега ќе биде силен, па да побара одземање на концесијата или ќе продолжи вазалството во кое СДС ќе го брани ДУИ среде Струмица“, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Криминогената Влада на СДС и ДУИ дава зелено светло на Назиф Дестани за влез во Иловица, а тој нема никакво искуство со ископ на бакар и злато. Човекот на ДУИ, Дестани знае дека влегува во сигурна бизнис зделка. Ова е уште еден чекор на Владата, поточно на СДС со кој се штитат бизнис интересите на ДУИ воопшто. Оваа криминогена Влада ги обезбедува лицата блиски до ДУИ со милионски профити на штета на интересите на граѓаните во струмичко“, дополнуваат од партијата.

Во соопштението се вели дека оваа Влада не прави ништо за граѓаните, што е дополнителен доказ дека нема ништо од изјавата на Димитар Ковачевски дека рудник во Иловица нема да се гради.

„Ковачевски не бара одговорност од Крешник Бектеши затоа што ги излажал министрите од СДС кои како што велат самите затоа гласале за спојување на концесиите Иловица-Штука. Бектеши бега од јавноста. Вчера пак ја образложуваше ситуацијата за Иловица во Владата, но не излезе и пред јавноста.

Закажаниот прес за вчера го одложи за денес. Криминогената Влада на СДС и ДУИ продолжува да тера бизниси на грбот на граѓаните, односно да носи одлуки спротивни на интересите на граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.