„СДСМ ја донесе државата до питачки стап. Лошиот менаџмент со државната каса ќе резултира со буџетска дупка од 1 милијарда евра само оваа година. Заев и Нина Ангеловска пет пати го менуваат ставот за кондицијата на македонската економија. За на крај да признаат дека се соочуваме со катастрофа“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Партијата која ветуваше 5-7% раст на БДП годишно, сега и приредува дебакл на економијата, која е на шкрги веќе подолг период’ се вели во соопштението од опозициската партија.