ВМРО-ДПМНЕ: Прославата за 20 години од Охридскиот рамковен договор се претвори во партиска забава, затоа не присуствувавме на таквиот декор

„Прославата за 20 години од Охридскиот рамковен договор се претвори во партиска забава, а не државна прослава и за тоа ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваше на таквиот декор. Прославата за 20 години од Охридскиот рамковен договор се претвори во партиска забава, а не државна прослава и за тоа ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваше на таквиот декор- велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Сега не е време, ниту место за партиски политички промоции во време на прогласена кризна состојба и во време на повторно влошување со КОВИД пандемијата во државата.

Наместо парите да се потрошеа за политички забави, власта на СДСМ и ДУИ требаше да ги пренамени во многу по продуктивни и побитни работи за граѓаните и државата во моментов.

Можеа парите да ги пренаменат за реконструкција на училишта, водоводни и канализациони мрежи во Полошкиот регион, а можеа и да купат неколку нови противпожарни возила со што би спречиле повторна катастрофа со шумските пожари.

Најголемите непријатели на Охридскиот рамковен договор се токму СДСМ и ДУИ со секојдневното пљачкосување на граѓаните, криминалот и тендерите за нивните блиски луѓе и со секојдневните поделби на граѓаните.

Парадата денес ќе заврши, парите ќе ги потрошат, славјето ќе помине, а реалноста ќе остане. Младите повторно ќе заминуваат од Македонија, фирми ќе се затвораат, луѓе ќе остануваат без работа заради неспособноста и криминалот на двоецот СДСМ-ДУИ“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.