Емисијата “Заспиј ако можеш” на Телевизија Алфа вечерва најави разговор со генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓи Сајкоски кој на функцијата дојде пред еден месец кога го замени Игор Јанушев.

Според најавата ВМРО-ДПМНЕ односно Сајкоски преговарал со повеќе партиски структури кои надвор од партиските форуми го критикуваат раководството во изминатиот период но не се открива дали се преговарало и со групата на Сашо Мијалков.


“Долги години во политиката а без скандали и помпи, мирен и тивок а гази како булдожер. Вака дел од тие што го познаваат го опишуваат новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски кој вечерва е гостин на “Заспиј ако можеш”.
Докторот на историски науки кој ги истражувал бугарските архиви вечерва покрај за партиско-политички теми зборува и за спорот со Бугарија.
Колку од структурите кои од надвор го критикуваат ВМРО со кои преговарал се согласиле да се вратат во ДПМНЕ?
Дали меѓу нив се наоѓа и “МК Мериот” комитетот на Сашо Мијалков? Што очекува ВМРО-ДПМНЕ во Штип пред нова година.
Во 22:30-часот на Алфа ТВ со Горан Момироски и Драган Милосављевиќ”, пишува во најавата на емисијата Заспиј ако можеш на Алфа ТВ која почнува во 22:30.