ВМРО-ДПМНЕ: Попустливоста кон Бугарија донесе нова блокада

Попусливоста кон Бугарија донесе нова блокада, беше прифатено се’ што бараше Бугарија, а ескалираа односите, оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ од каде велат дека обваа партија апелираше навреме да се реагира со протесни ноти и цврст став, но СДСМ молчеше.

Бугарија го повлече амбасадорот од Скопје и најави замрзнување на односите

Од партијата велат дека неколку пати до сега Македонија е понижувана или навредувана од страна на бугарски политичари, ВМРО-ДПМНЕ осудуваше, но владата е таа која има политичка моќ, и таа молчеше и дозволи провокациите да одат до недоглед.

И сега кога имаме напади, негации и омаловажувања, од Ковачевски и Османи имаме само бледи говори без реална акција, секогаш кога власта попушта на понижувања има некој криминал кој сакаат да го сокријат.

Со СДС, Ковачевски и Османи имаме само несигурност, понижувања и блокади. Недржавничкиот однос кој власта го покажува на дело е најголемиот пораз кој може да и се случи на Македонија, се вели во соопштението.