Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја прифатила иницијативата на двајцата скопски адвокати Јанаки Митровски и Драган Пешевски по што се очекува опозицијата да предложи закон за амнестија на осудените за 27 Април.

Деновиве како што дознава expres.mk двајцата адвокати се сретнале со претставници на повеќе политички партии но само од ВМРО-ДПМНЕ добиле ветување дека нивната иницијатива ќе биде предложена како Закон за амнестија за 27 Април во Собранието.


Според најавите можни се делумни промени во предлогот што го даваат Митровски и Пешевски од кои најважно е барањето за сто проценти амнестија за сите осудени лица.

Дел од луѓето се осудени за терористичко здружување на 18 години затвор а некој отслужуваат веќе 6 години.

Ниту една друга политичка партија не прифатила да поднесе закон за амнестија на осудените за 27 април.