Опозициската партија со соопштемние реагира на синоќешното двојно убиство во Старата скопска чаршија, истакнувајќи дека ситуацијата во земјава наликува на онаа од почетокот на деведесетите.
„ Со Ковачевски како премиер, Груби како вицепремиер и Спасовски прв човек на полицијата се случуваат убиства, пасоши на криминалци се делат, наркотрафикантите седат до првите лица на владата“, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Додека Спасовски вкупно е прв човек на полицијата 8 години, се случија стотина нерасветлени убиства. Што друго да се случи Спасовски да си даде оставка.
Треба да одговори дали има политичка конотација ова двојно убиство и каква е поврзаноста со крилата на криминализираните ДУИ и СДС?
Нема леб, скапи бензини, инфлација и многу убиства. Тоа е владеењето на Груби, Ковачевски и Спасовски“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
