Опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагира на изјавата на членот на претседателството на ДУИ, Артан Груби, кој го нарече „Коалиција 27“ договорот за поддршка на локалните избори постигнат межу ВМРО-ДПМНЕ со Алијанса за Албанците и Алтернатива. За него таа била несвојствена и „еедвај чека да види како гласачите на едните ќе гласаат за другите“…

„Ја разбираме паниката, но и стравот на СДСМ и ДУИ од окрупнувањето на опозицијата затоа што и СДСМ и ДУИ ќе бидат поразени на овие избори.

Но, кога господинот Груби зборува за некои минати времиња, вредно е да го спомнеме следното:

Ги паметиме со насмевка деновите кога Артан Груби секојдневно беше дел од ентериерот во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, а при таквите посети не можеше да го сокрие неговото воодушевување .

Воедно Артан Груби важи и за еден од првите најбрзи пратениците кога на времето го притискаше копчето за гласање на владите на ВМРО-ДПМНЕ.

Најдобар портпарол во моментов на СДСМ е Артан Груби.

Господинот Груби е познат по неговите чести трансформации при што веруваме дека за многу брзо време јавно ќе се кае за овие негови инсинуации.

Криминалната коалиција СДСМ – ДУИ ќе доживее тежок дебакл“, се вели во соопштението на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.