ВМРО-ДПМНЕ за денес доцна попладне закажа седница на Извршниот Комитет каде ќе се носи одлука во однос на предлогот за референдумско изјаснување во однос на пакетот услови кој стана дел од преговарачката рамка, а ги отсликува бугарските максималистички барања.
„Дали сте за прекинување или поништување на договорот со Бугарија“ – вака според високи партиски извори во ВМРО-ДПМНЕ најверојатно ќе гласи референдумското прашања кое вечерва треба да добие зелено светло од Извршниот комитет на најголемата опозицикска партија, дознава ТВ24.
Според истите извори дали референдумот ќе биде консултативен или обврзувачки ќе се решава вечерва.
До рефререндум би се дошло преку собирање на граѓански потписи, а на иницијативата први потпишани ќе биде раководството на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ по собирањето на квалификуваните најмалку 100 потписи, ќе пристапи кон собирање на 150.000 потписи од граѓани, при што апелира власта да не го оптруира овој процес.
Како гаранција дека уставните измени нема да се случат, остануваат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.
Седницата на Извршниот комитет ќе започне во 18 часот, а околу 20 часот се очекува изјави за медиуми.
