Прославата за рамковниот договор наместо државна агенда, стана партиско политичка промоција, соопшти денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Ако вистински се грижеа за духот на рамковниот договор тогаш парите од прославата ќе беа попаметно да се пренаменат и дадат за реконструкција на училиштата во тетовско, гостиварско, кумановско или за решавање на проблемот со вода за пиење во Тетово. А, секако најдобро ќе се искористеа и за сервисирање на канадерите за гасење на пожар. Наместо тоа коалицијата на власт даде предност на криминалот, наместо соживотот. Најголемата закана за рамковниот договор е токму власта која го поделува народот на тие кои се со нив и народот кој не е“, велат од партијата.
Од таму додаваат дека воедно треба власта да одговори дали прославата на рамковниот и одложување на мерките заради прославата не значи доказ за целосно политизирање на процесот и воедно лажната грижа за здравјето на граѓаните.
Оттука ВМРО-ДПМНЕ ниту претседателот Мицкоски нема да учествува во таквиот декор.
Нема потреба од партиска предизборна парада во услови на тешка економска и здравствена криза, рамковниот договор е завршена работа. Парите можеше да се искористат за многу други цели! велат од ВМРО-ДПМНЕ.
