ВМРО-ДПМНЕ: Од „европска Македонија“ до ќор-сокакот „Мини Шенген“

Регионалните соработки не се алтернатива на евроинтеграциите на Македонија и Мини Шенген не смее да биде алтернатива на членство во ЕУ и вклучување на Македонија во широкото семејство европски држави, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Иницијатива која Заев се обидува да ја прикаже како дипломатски успех е всушност пораз на политиката на Заев.

„Зоран Заев ги лажеше граѓаните, ветуваше европска Македонија, а сега нуди мини шенген Македонија. Но, што да се очекува друго од човек кој европските перспективи ги кочи со растечка корупција и криминал. Интересите на Македонија единствено може да се остварат во широка и обединета Европа, а не во тесни регионални кругови, кои патем се нецелосни и не се одраз на македонските национални и државни интереси“, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

Во соопштението се додава дека Зоран Заев треба да признае дека Македонија ја донесе во ќор сокак. Овие четири години власта на Заев се четири украдени години за граѓаните.