Опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагира на, како што велат, ДУИ-зирањето и фамилијаризирањето на Јавното обвинителство каде првиот човек на Ислам Абази ја вработува неговата сопруга за обвинител.
„Во ниту една друга демократска држава во Европа или на друго место во светот сопругот кој е избран на позицијата шеф на ЈО, не ја вработува сопствената сопруга во институцијата со која тој раководи.
Се отвора прашањето, дали Абази стана шеф на ЈО, за да може и неговата сопруга да стане обвинител, но и други кадри блиски до ДУИ и СДС?
Како може граѓаните да чекаат правда кога судството и обвинителството се испреплетени од фамилијарно партиски вработени кои и се лојални на партијата, а не на државата?
Заради фамилијаризацијата на судството и обвинителството граѓаните немаат доверба во правосудниот систем, се вели во соопштението на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.
