ВМРО ДПМНЕ: Нека има лидерска средба, за да се одлучи што натаму по насилниот обид за уставни измени, и покрај „НЕ“ од 80% од граѓаните

„ВМРО ДПМНЕ ги охрабрува и СДС и Ковачевски да се случи таа ‘лице в лице’ – лидерска средба, на која ќе се одлучи што после насилниот обид на власта за уставни измени. СДС и Ковачевски прифатија нешто, кое 80 отсто од граѓаните не го одобруваат, затоа, време е за соочување со народот“ – им порача водечката македонска опозициска партија на социјалдемократите од Бихаќка.

ВМРО ДПМНЕ истакнува: СДС и Ковачевски ја доведоа Македонија до ќорсокак, затоа што без мандат прифатија и ветуваа нешто, со кое не се согласува 80 отсто од граѓаните. Затоа сега, ако имаат доблест и храброст, треба да прифатат соочување со народот на избори и на тие избори јасно да се искристализираат чекорите и политиките на државата.

Но СДС и Ковачевски избраа да бидат приврзок во Владата на ДУИ, наместо да им служат на граѓаните. Без согласноста од Мала Речица тие не можат да одлучат дури и за форматот и присуството на лидерската средба.