ВМРО-ДПМНЕ не ја сака Вилма како личен избор на Заев

За опозициската ВМРО-ДПМНЕ спојувањето на СЈО со Јавното обвинителство е прифатливо, но не и предлогот на премиерот Зоран Заев на чело на новото ЈО да застане обвинителката Вилма Русковска. Не може новиот обвинител да биде личен избор на претседателот на Владата, сметаат од ваа партија.

„Во однос на предлогот на нов практично Јавен обвинител како што го нарече Специјален јавен обвинител, Вилма Русковска, Зоран Заев уште еднаш ја потврди спрегата помеѓу СДСМ, него и Русковска обвнителството, односно уште еднаш потврди дека неговиот предлог за нов обвинител, наместо Катица Јанева е негов личен избор, односно човек кој што целиот изминат период работел за интересите на СДСМ и на оваа Влада“, изјави Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.