ВМРО-ДПМНЕ: МВР ставено во улога на партиска полиција

Опозицискатга ВМРО-ДПМНЕ вели дека јавноста беше сведок на негрижата на премиерот Ковачевски и министерот Спасовски за безбедноста на граѓаните во изминатиот период кога јавноста речиси секојдневно беше под стрес од дојави за бомби.

„Додека со месеци наназад надлежните институции предводени од Ковачевски и Спасовски мува не ги лазеше за дојавите за бомби во училишта, институции, трговски центри, станбени објекти, сега максимално ги ангажирале капацитетите на МВР за обезбедување на објектот каде што СДС држи партиска трибина“ стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ испратено до медиумите.


Оттаму велат дека ова е уште еден доказ дека е допрено дно во безбедносен систем а МВР е ставено во улога на партиска полиција.

„Кога се работи за безбедноста на граѓаните Спасовски и МВР се неспособни, ама кога се работи за СДС тогаш се максимално ангажирани. се надеваме дека СДС во наредниот период почесто и на повеќе локации ќе организира партиски настани со цел граѓаните да бидат побезбедни“, иронично коментираат од опозицијата.